Microsoft го купува LinkedIn за 26,2 милијарди долари

Американскиот софтверски гигант „Microsoft“ објави во понеделникот дека потпишал спогодба за купување на социјалната мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари во готовина.microsoft

„Договорот го поврзува водечкиот деловен ‘облак’ во светот со водечката социјална мрежа на деловниот свет“, објави во соопштение извршниот директор на „Microsoft“, Стаја Надела

Како што се наведува во соопштението на двете компании, „LinkedIn“ „ќе го задржи препознатливиот бренд, културата и независноста“, а Џеф Вејнер позицијата на извршен директор.

„Го променивме начинот на кој светот им пристапува на можностите, а овој однос со ‘Microsoft’ и комбинацијата на нивниот облак со мрежата на ‘LinkedIn’ ни даваат можност да измениме и како светот функционира“, порача Вејнер.

Двете компании објавија дека постигнале „конечен“ договор кој ќе биде склучен до крајот на годинава, со поддршка на претседателот на одборот на „LinkedIn“ и сопственик на контролниот пакет акции Рејд Хофман.

Трансакциите се надоврзуваат на настојувањата на „Microsoft“ да го прошири деловниот фокус и на сегменти надвор од софтверот, додека „LinkedIn“ бара начини да го зголеми растот.

Мрежата „LinkedIn“ им овозможува на корисниците поврзување со истомислениците во деловниот свет, и ја олеснува потрагата по работа. Во моментов имаат 433 милиони членови ширум светот.

Comments are closed.