Предметите на Витни Хјустон продадени за половина милион долари

Чифтот патики, кои славниот кошаркар Мајкл Џордан ѝ ги подарил на покојната пејачка Витни Хјустон, продаден се на наддавање за 20.000 долари, во рамките на продажбата на предметите на покојната ѕвезда за која купувачи од сите страни на светот платија половина милион американски долари.

vitni

 

Повеќе од стотина предмети на покојната пејачка ѕвезда Витни Хјустон, меѓу кои и наградите, гламурозните облеки, венчаницата, адресари и пасоши, се продадени во петокот и саботата на наддавањето одржано на Беверли Хилс.

Аукцијата предизвика голем интерес, изјави Џил Мун, од аукциската куќа Heritage Auctions. „Луѓето ја гледаат како поп ѕвезда, но таа беше повеќе од тоа. Беше многу влијателна, глобален феномен“, додаде.

Четири години по нејзината смрт во 48-та година од животот, нов сопственик добија фустаните за нејзините настапи, фустани од познатите дизајнери Dolce&Gabbanа и Marc Bouwen, личните белешки за филмот „Чекајќи воздишка“, наградите на MTV, EMI, Bambi, Американските музички награди итн.

Пасошот од 1985 година од нејзиното прво патување во странство на кој е фотографијата како 21-годишна девојка е продаден за 11.250 долари, додека нејзината сатенска венчаница со боја на слонова коска од дизајнерот Bouwen, во која во 1992 се омажи за пејачот Боби Браун, е продадена за 15.000.

Музичката награда на MTV која Витни Хјустон ја доби за најдобро женско видео за хитот „How Will I Know“ во 1985.1986 година е продадена за 16.500 долари, а нејзината германска награда Bambi за 15.000 долари.

Пријателството на пејачката со еден од најдобрите кошаркари во историјата Мајкл Џордан и со починатиот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела е овековечено преку подароците кои ѝ ги дарувале, како патиките „Air Jordan“ и примерок од автобиографската книга на добитникот на Нобеловата награда за мир со посвета од Мандела „на пријателите Витни и Боби“.

По разводот од Боби Браун и долгогодишната борба со зависноста од дроги и алкохол, Хјустон во 2012 година се задуши во када во хотелот „Beverly Hilton“, само неколку улици подалеку од местото каде што се одржуваше оваа аукција.

Comments are closed.