Укинати интервентните мерките против загадувањето во Струмица

Престануваат да важат интервентните препораки и мерки кои беа активирани при надминувањето на прагот на алармирање во Струмица, соопшти денеска владината прес-служба.

„Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на кубен метар, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица“, се вели во соопштението на Владата.

Со тоа, како што се додава, редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и пропратниот оперативен план за имплементација продолжуваат да се имплементираат согласно Планот за чист воздух на Владата.Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

Comments are closed.