Жител на Старо Балдовци нападнал припадници на шумската полиција

На 21.01.2019 година во 13.45 часот во СВР Струмица, вработен во шумска полиција пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот, на место викано „Палазлија“, во службеното возило „Дачиа“, кое било паркирано покрај регионалниот пат Берово-Струмица, удрило возило „Мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки во кое имало дрва, управувано од А.С. од село Старо Балдовци. Според пријавеното, А.С. почнал да им се заканува на вработените во шумската полиција и потоа го испрскал неговото возило со бензин и го запалил, по што побегнал. Увид на местото извршиал екипа од СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.sumska-policija333

Comments are closed.