Во основните и средните училишта во општина Струмица, денеска, не започна второто полугодие од учебната 2018/2019 година

Во основните и средните училишта во општина Струмица, денеска, не започна второто полугодие од учебната 2018/2019 година. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст ја донесе Владата на Република Македонија во координација со Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство. Оваа одлука е донесена поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови како и метеоролошките прогнози за следните денови, а во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух.50422474_1975409145845839_5219627772908929024_o
Продолжениот зимски распуст за сите ученици ќе трае два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.
Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

Comments are closed.