Денеска е Свети Јован Крстител

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.

deneska-e-sveti-jovan-krstitel-219866Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пророк Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински месија.

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

 

Comments are closed.