Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Со крштевањето во осветените води, празникот нѐ повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре. Да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.