ЛУБ Благој Јанков Мучето“ Струмица распишува конкурс за доделување на награди за литературна творба

Комисијата при Локалната установа библиотека “Благој Јанков Мучето“ Струмица, по повод Карневалот во Струмица распишува:34880133_242244623024492_3599276262989758464_n

К о н к у р с
За доделување на награди за литературна творба (поезија и проза) посветена на Карневалот во Струмица на тема: “Приказна под маска“

Со литературни творби (поезија и проза) посветени на Карневалот во Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите во категоријата “возрасни граѓани” се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Литературните творби посветени на Карневалот треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: ЛУБ “Благој Мучето“ Струмица ул. „Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на Карневалот во Струмица“ и шифрата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во ЛУБ “Благој Јанков Мучето“ Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 21 (четврток) 02. 2019 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 07. 03. 2019 год. во 12 часот во Локалната установа библиотека “Благој Јанков Мучето“ Струмица.

Дополнителни информации на тел:
( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица
Комисија од ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,,
Струмица 2019 година

Comments are closed.