Општина Струмица и денеска продолжија со интензивно чистење на снегот во градот

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска продолжија со интензивно чистење на снегот во градот, населените места и локалните патишта со сите расположливи ресурси, а беше ангажирана и дополнителна механизација. Освен на улиците, тротоарите и пешачките зони во градот, се чистеше во индустриската зона Север, и во населените места Раборци, Рич, Попчево, Куклиш, Свидовица, Банско, Габрово, Муртино, Просениково, Добрејци, Градско Балдовци, Костурино, Вељуса, Водоча и Баница и на патиштата што водат кон нив.
Поради ниските температури кои што се очекуваат во текот на вечерните и ноќните часови, општина Струмица апелира до учесниците во сообраќајот за поголема внимателност, почитување на условите на патот и сообраќајната сигнализација.49345040_1953790658007688_4944192581073371136_o 49246578_1953790964674324_1625890076405792768_o DSC_2218 49346171_1953794034674017_1536626882034794496_o 49461715_1953794108007343_5929706916295999488_o 49461747_1953794421340645_5507566220133531648_o 49479713_1953794041340683_5886734235196194816_o 49583207_1953790764674344_4792413444764598272_o 49584208_1953791728007581_8875544690208800768_o 49587744_1953791414674279_8112417735733936128_o 49616273_1953791204674300_9218350829243727872_o 49671203_1953794388007315_4205524481801715712_o 49828825_1953791624674258_1582620183569104896_o 49836944_1953794354673985_6140057930369597440_o 50220960_1953794088007345_8529941488082092032_o

Comments are closed.