Се одржа фудбалски натпревар помеѓу учениците од ООУ „Видое Подгорец“ и ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниците од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, финансиран од општина Струмица, реализираа заеднички фудбалски натпревар со учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Василево. Овој натпревар секако ја постигна својата цел, ученици во мешан етнички состав заедно се натпреваруваа и спортуваа, а пред се, се дружеа. На победниците им беа доделени и соодветни награди, иако победници беа сите, надминувајќи ги меѓуетничките разлики.48393118_1940956899291064_5325470601899409408_o 48428287_1940956769291077_163035386598129664_o 49205842_1940956789291075_8948807864386846720_o 49560027_1940956782624409_121770384495214592_o

Comments are closed.