На 31 декември 2018 година (понеделник) завршува рокот за поднесување нови барања за легализација на бесправно изградени објекти

На 31 декември 2018 година (понеделник) завршува рокот за поднесување нови барања за легализација на бесправно изградени објекти. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои што не успеале досега да достават барања, општина Струмица ги известува дека архивата на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште ќе работи и в сабота (29.12.2018 година) од 8 до 16 часот, а в понеделник (31.12.2018) ќе работи со вообичаеното работно време од 8 до 16 часот. Барања можат да се пратат и по пошта заклучно со 31.12.2018 година. Барањата на граѓаните треба да бидат комплетирани со комплетна документација.49210914_1941970155856405_525126830735228928_o

Comments are closed.