Заврши изградбата на базните прегради во Габрово

Во атарот на населеното место Габрово заврши изградбата на базните прегради (каскади) кои што ќе ги смируваат атмосферските води од планината Беласица. Со реализацијата на овој проект се овозможува превенција на локалното население од штетите предизвикани од пообилните врнежи, материјалните штети на објектите и домаќинствата, големите наноси од камења, дрвја и шут и оштетување на постоечката патна мрежа и потпорни ѕидови. За изградбата на базните прегради се потрошени 504 илјади денари од кои 95 насто беа обезбедени од Бирото за регионален развој, а останатите средства од буџетот на општина Струмица.1 (3) 2 (4)

Comments are closed.