Во Струмица се одржа олимписка обука за напреден спортски менаџмент и спортската администрација на Олимписките спортски организации

Во домот на АРМ, денеска, се одржа олимписка обука за напреден спортски менаџмент и спортската администрација на Олимписките спортски организации во општина Струмица. Обуката ја водеа Даниел Димевски, советник за спорт на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Сашо Поповски, генерален секретар на Македонскиот олимписки комитет. Присутните спортисти и спортски работници ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски. Се надевам дека денешната обука и слични вакви обуки ќе се реализираат и понатаму и ќе бидат во функција на унапредувањето на спортот како една од дејностите која најдобро ја анимираат младата популација и во исто време на најдобар можен начин ја афирмираат и нашата држава во светот, рече градоначалникот Јаневски.48406004_1936738533046234_4847461606805733376_o 48420022_1936738679712886_4760331800000069632_o 48427493_1936738493046238_2644263381049016320_o 49010875_1936738703046217_5648636448195215360_o

Comments are closed.