Промовирани две брошури за правата на лицата со попреченост и ЛГБТИ лицата

Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на општина Струмица и Асоцијацијата за здравствена едукација и заштита ХЕРА, денеска, на прес конференција која што се одржа во домот на АРМ, промовираа две брошури за правата на лицата со попреченост и ЛГБТИ лицата. Брошурите се изработени од страна на членовите на ЛКТЗД Струмица, тело кое што е формирано со цел да ги информира граѓаните за видовите на дискриминација и како да се заштитат од неа но и каде да ги пријават случаите на дискриминација. Во своето обраќање градоначалникот Коста Јаневски рече дека општина Струмица од секогаш ја почитувала еднаквоста на сите граѓани и била и е против било каков вид дискриминација.48370066_1936879736365447_6066283221291630592_n 48399020_1936880046365416_6993285821176479744_o 48409067_1936879893032098_3402314624777846784_o 48414624_1936879983032089_4849650519708270592_o 48415836_1936879726365448_4953172588890161152_n 48965016_1936879956365425_4876529808026107904_o

Comments are closed.