Академија Пандев есенскиот дел од сезоната го заврши на третото место

Фудбалерите на Академија Пандев есенскиот дел од сезонава го завршија на третото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

На 18 одиграни кола од ПМФЛ, Академија Пандев успеа да запише девет победи, три ремиа и шест порази, при што фудбалерите постигнале 20 погодоци, а примиле 14. Пандевци со 30 освоени бодови, есенскиот дел од сезоната го завршуваат на високото трето место, со 4 бода повеќе во однос на Работнички и пет бода негатива во однос на Вардар кој е второпласиран.

Најдобар стрелец во Академија Пандев е Љупче Дориев со шест погодоци, додека во целата лига најдобар стрелец е играчот на Шкендија, Бесарет Ибраими со 11 погодоци.

Шкендија со 40 бодови есенскиот дел од сезоната го завршува на првото место на табелата, додека Вардар со 35 бода на второто место. На дното од табелата е Беласица со 17 бодови, исто колку што има и Победа која е место погоре, Силекс со 18 бодови е на осмото место на табелата.

Comments are closed.