Тиверија одигра нерешено (1:1) со лидерот на табелата во Третата лига Југоисток, Дојранско Езеро, во натпревар од 10. коло.
Дојранско Езеро со 25 бодови е лидер на табелата, додека Тиверија со 4 бода помалку е на второто место на табелата. Фудбалерите на Дојранско Езеро имаат постигнато 26 погодоци, а примено 7, додека фудбалерите на Тиверија имаат постигнато 35 погодоци, а примено 10.
На дното од табелата со само три освоени бодови е Спартмани.