Академија Пандев со реми против Вардар

Екипата на Академија Пандев одигра нерешено (0:0) со Вардар, во натпревар од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Пандевци со оваа реми есенскиот дел од сезоната ќе го завршат на третото место на табелата со 30 освоени бодови, додека Вардар со 35 освоени бодови е на второто место на табелата.

Лидер на табелата е Шкендија со 40 бодови, додека на дното од табелата е Беласица со 17 бодови, исто колку што има и Победа од Прилеп која е место погоре на табелата, односно деветта.

Comments are closed.