Беласица загуби од Силекс во 18. коло од ПМФЛ

Фудбалерите на Беласица го забележаа деветтиот пораз оваа сезона, откако во Кратово од Силекс загубија со минимални 1:0 во натпревар од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Со овој пораз Беласица есенскиот дел од сезоната го завршува на последното десетто место со 17 освоени бодови, исто колку што има и Победа од Прилеп која е деветта. Силекс со оваа победа и новите три бода се искачи на осмото место на табелата со 18 освоени бодови.

Лидер на табелата е Шкендија со 40 освоени бодови, додека Вардар со 35 е втор, третопласирана е екипата на Академија Пандев со 30 освоени бодови.

 

Comments are closed.