Екипата на Академија Пандев во реваншот од Купот на Македонија против Кораб влегува со голема предност. Резултатот од првиот натпревар помеѓу овие две екипи е 3:1 за екипата од Струмица.
Реваншот од овој натпревар ќе се игра на Градскиот стадион во Дебар, а главен судија на натпреварот ќе биде Влахо Константин од Скопје.