Јаневски: Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, вчера, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека од денеска од неговиот речник го брише зборот хендикеп.47041357_1907534479299973_3023507159334780928_o

-Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски.

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица.47188516_1907531865966901_1729036533517778944_n 47197930_1907532739300147_6812143239005470720_o 47198450_1907531909300230_4859490053560205312_n 47211426_1907534509299970_7630444490121019392_o 47222094_1907531849300236_6292041627380744192_o 47236638_1907532925966795_4879475498461167616_o 47304416_1907534669299954_4221871475222642688_o 47579801_1907531785966909_783168208180871168_o

Comments are closed.