Беласица забележа нов пораз во 17. коло од ПМФЛ од екипата на Работнички со резултат од 1:2.
Со овој осми сезонски пораз Беласица е претпоследна на табелата со 17 бодови, исто колку што има и победа која е осма на табелата. Работнички со оваа победа останува на четвртото место и има 26 освоени бодови.
Денес Беласица ќе игра во Кратово против Силекс, каде со евентуална победа би имала 20 бодови, додека Работнички ќе игра против Шкупи.