Фудбалерите на Академија Пандев забележаа значајна победа над шампионот Шкендија во Тетово со минимален резултат од 0:1.
Пандевци со оваа победа се трети на табелата и имаат 29 освоени бодови, додека Шкендија останува прва на табелата со 37 освоени бодови.
На дното од табелата е Силекс со 15 освоени бодови, додека Беласица е деветта со 17 бодови, исто колку што има и Победа која е осма.