Академија Пандев на „Кукуш“ против Вардар

Екипата на Академија Пандев денес на „Кукуш“ во Турново ќе го одигра натпреварот од 18. коло против второпласираниот Вардар во рамките на Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Академија Пандев во минатото коло забележа минимална победа над шампионот и лидер на табелата Шкендија во Тетово, и со 29 освоени бодови е третата на табелата, додека Вардар со 3:0 ја декласираше Победа и со 34 бодови е втор на табелата.

Натпреварот започнува во 13:00 часот, а главен судија ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид.

Comments are closed.