Шкендија официјално го продолжи договорот со искусниот голман Костадин Захов. 33-годишниот чувар на мрежата на тетовци потпиша нов договор од две ипол години, со што струмичанецот останува во екипата во 2023 година.
„Среќен сум што ќе продолжам да го носам овој дрес каде што ги постигнав најголеми успеси во мојата кариера. Шкендија ми даде многу, верувам дека вратив на ист начин и продолжувањето на договорот покажува дека сме задоволни од соработката. Се надевам на многу успеси и во иднина“, изјави Захов по потпишувањето на новиот договор со Шкендија.
Струмичанецот во својата кариера има настапувано за Беласица, Вардар, Хоризонт од Турново, Брегалница од Штип, а во Шкендија, Захов пристигна во јануари 2016 година и тој стана еден од клучните играчи на екипата од Тетово. Тој има запишано 176 официјални настапи со Шкендија, од кои 137 во домашното првеството, 9 во Купот и 30 во меѓународни натпреварувања.
Comments are closed.