Женскиот фудбалски клуб Тиверија од денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига.
Клубот во пролетниот дел од сезоната влегува со единствена цел – борба за шампионска титула и Куп-титулата.
Во пролетната полусезона, Миа Головска нема да биде дел од струмичкиот клуб. Од ЖФК Тиверија изразија благодарност за придонесот, посакувајќи среќна во понатамошниот дел од кариерата. Од друга страна Васка Василева добива право за настап во сениорска конкуренција. „Костурот“ на екипата е сочуван за пролетните предизвици.
ЖФК Тиверија Струмица есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата со 35 бодови, четири помалку од лидерот на табелата Каменица Саса.
ФОТО: ЖФК Тиверија Струмица
Comments are closed.