Игор Паноски четврто засилување за Академија Пандев

Игор Паноски е најновото засилување за Академија Пандев, кој доаѓа од редовите на градскиот ривал Беласица.

Игор Паноски - Академија Пандев

21-годишниот централен дефанзивец се приклучи на тренинзите со сениорскиот тим. Во својата кариера, покрај Беласица, Паноски има настапувано и за прилепска Победа, Партизан Обршани, Металург, Кожуф од Гевгелија, како и 11-ти Октомври.

Од клубот информираат дека во следните денови екипата ќе биде засилена со уште неколку фудбалери, со што истата ќе биде комплетирана за пролетната полусезона.

Comments are closed.