ЕКСКЛУЗИВНО: Ѓоре Јовановски на чело на Беласица, пристигаат 5 до 6 големи квалитетни засилувања!

Беласица во пролетната полусезона ќе добие сосема нов лик. Како што пишува Спортска Мрежа нов шеф на стручниот штаб ќе биде искусниот стратег Ѓоре Јовановски.

Ѓоре Јовановски - тренер на Беласица

Преговорите се во заврша фаза и се очекува во текот на следните денови истите да финишираат со потпишување на договор меѓу Јовановски и раководството на Беласица.

Искусниот Јовановски во својата кариера ги има предводено Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано од Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Работнички, Шкендија, Брегалница од Штип, турски Самсунспор. Јовановски исто така е и поранешен селектор на македонската репрезентација.

Според информациите на Спортска Мрежа, струмичани ќе се засилат со 5 до 6 квалитетни засилувања, со што клубот во пролетниот дел ќе има огромен квалитет и прва цел ќе биде сигурен опстанок во македонската елита.

Comments are closed.