Александар Мишов си замина од Академија Пандев, ќе бара нов клуб

Младиот напаѓач Александар Мишов повеќе нема да го носи дресот на Академија Пандев, откако 22-годишниот фудбалер го раскина договорот со струмичкиот прволигаш и ќе бара нов клуб за продолжување на кариерата.

Александар Мишов - Академија Пандев

За Мишов има интерес од Борец и Струга Трим Љум, со што тој би продолжил да игра во Првата македонска фудбалска лига.

Comments are closed.