ЖФК Тиверија во понеделник ги почнува припремите

Женскиот фудбалски клуб Тиверија во понеделник ги започнув зимските припреми за пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига.

Тиверија во пролетниот дел нема да може да смета на една фудбалерка со кој клубот се раздели на фер и коректен начин. Станува збор за Миа Головска на која од ЖФК Тиверија и се благодарни за досегашната игра и и посакаа многу успех во кариерата.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Од друга страна, Васка Василева доби право за настап во сениорска конкуренција. Василева е дел од ЖФК Тиверија веќе 5 години и потекнува од школата на струмичкиот женски фудбалски прволигаш.

ЖФК Тиверија во пролетниот дел влегува со цел да го нападне првото место и да ја подигне шампионската титула од крајот од сезоната, како и да ја освои Куп-титулата.

 

Comments are closed.