Васоски ги започна подготовките со Академија Пандев

Академија Пандев од денес ги започна подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига. Новиот тренер Александар Васоски денес го имаше првиот собир со новата екипа.

ФОТО: Дрнка.МК

ФОТО: Дрнка.МК

На првиот собир беа трите нови засилувања, голманот Марко Јовановски, дефанзивецот Коста Манев и крилниот напаѓач Николче Шаркоски.

До 20 јануари екипата ќе се подготвува во Струмица, потоа ќе замина во Анталија, Турција каде ќе остане 14 дена и ќе одигра неколку пријателски натпревари, и на крај повторно подготовки во Струмица.

Првата контролка за „пандевци“ ќе биде против велешки Борец. Целта на струмичкиот прволигаш за пролетниот дел е сигурен опстанок и освојување на Купот на Македонија и на тој начин обезбедување „виза“ за излез во Европа.

Comments are closed.