Тиверија ќе се бори за шампионска титула во Првата женска фудбалска лига!

Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига ќе се бори за шампионската титула. Струмичките фудбалерки првиот дел од сезоната, односно есенскиот дел го завршија на второто место на табелата со 4 бода помалку од есенскиот и актуелен шампион Каменица Саса кој има 39 бодови.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Тиверија одигра фантастична полусезона што ќе понуди атрактивна пролет во борбата за шампионската титула.

Во битка за шампионска титула влегуваат и Деспина од Прилеп која е трета, Скопје кој е четврт и АС Јунајтед кој е петти на табелата со по 34 освоени бодови.

Тиверија има одлична екипа која е воиграна и според есенската форма е најголем кандидат за да дојде со шампионската титула.

За прв пат од следната сезона ќе има и Втора женска фудбалска лига, па од Првата лига ќе испаднат дури седум екипи, односно само првите осум ќе останат во Првата женска фудбалска лига.

Comments are closed.