ОФИЦИЈАЛНО: Манев, Јовановски и Шаркоски први засилувања за Академија Пандев

Откако Академија Пандев го реши прашањето за тренерската позиција и го назначи Александар Васоски за нов тренер, на ред дојдоа и засилувањата на играчкиот кадар за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Коста Манев, Марко Јовановски и Николче Шаркоски - Академија Пандев

Први засилувања за „пандевци“ се централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.

Манев настапуваше во Босна и Херцеговина каде го носеше дресот на Вележ, но неколку месеци беше без клуб, Марко Јовановски последно настапува за Македонија ЃП, додека Николче Шаркоски доаѓа од редовите на Работнички.

Три играчи кои ќе го донесат потребното искуство на младиот тим. До почетокот на припремите екипата ќе се докомплетира со уште неколку засилувања.

Играчи кои досега ја напуштија Академија Пандев се Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.

Comments are closed.