Игор Паноски ја напушти Беласица

Игор Паноски од денес повеќе не е играч на Беласица, откако младиот стопер се реши да си замине од струмичкиот прволигаш, дознава Струмица Сити. 21-годишниот прилепчанец во Беласица пристигна минатата година.

Игор Паноски - Беласица

Паноски во својата кариера покрај Беласица има настапувано и за Победа, Партизан Обршани, Металург, Кожуф и 11-ти Октомври.

Претходно од Беласица си заминаа голманот Силјаноски, бразилскиот ас Робсон и младиот Размоски кој го засили Пелистер.

Comments are closed.