Астраион ќе се бори за опстанок во Суперлигата – цел распоред на натпревари

Минатата недела во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекување на редните броеви за одредување на распоредот за натпревари во плеј-аутот од ракометната Суперлигата на Македонија.

Струмички Астраион ќе игра во плеј-аутот каде ќе се бори за опстанок во Суперлигата. За струмичките ракометари ова беше прва сезона како се натпреваруваат во најсилното ракометно натпреварување во нашата држава.

Во првото коло Астраион на домашен терен ќе игра со Младост од Богданци, додека во полседното ќе игра на домашен терен против Радовиш.

На фотографијата е целиот распоред на натпревари за Астраион.

Плеј-аут Суперлига

Comments are closed.