Премиерот Заев на увид по пожарот на „Глобал” во Струмица: Огромна благодарност до пожарникарите за професионализмот и пожртвуваноста, заедницата ќе покаже солидарност и со акција на дело сите ќе помогнеме Струмица да се врати во нормала

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар  „Глобал”.DSC_0160

При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

Премиерот Заев изрази жалење за сериозната катастрофа и несреќа која го зафати објектот на трговскиот центар.

„Објектот е во густо населено подрачје и можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше. Материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи економски штети, на деловните субјекти кои живеат и работат овде и од тука ја вадат својата егзистенција. Добро е што нема повредени и човечки жртви”, рече премиерот Заев.

При увидот беше и изразена голема благодарност до пожарникарните служби, на Струмица, како и од околината, Кавадарци, Штип, Валандово и Радовиш кои несебично се заложија да се локализира пожарот и за среќа немаше човечки жртви.

„Голема благодарност до противпожарните бригади кои до 4 наутро се бореа со пожарот. Благодарни сме за пожртвуваноста која ја покажаа и струмичките но и пожарникарите на околните општини”, изјави премиерот Заев.

„Глобал” е симбол на модерна Струмица, струмичкиот пазар е место каде се собираат струмичани и живее струмичкиот дух”, рече Заев најавувајќи солидарност и сплотеност од страна на заедницата, бизнис секторот, институциите и општината како и сите граѓани.

„Секој ќе помогне на секој можен начин! Сите заеднички ќе помогнеме!”, рече премиерот ветувајќи помош и од институциите за санирање на материјалните штети.

Тој подвлече дека сега за Божиќните празници, сите граѓани и институции ќе покажат солидарност и заедништво и упати порака до оштетените граѓани дека веднаш уште утре, ќе се организира масовна солидарна и работничка акција за што поскоро да се врати животот на струмичани во нормала.DSC_0170 DSC_0186 DSC_0236 DSC_0358

Comments are closed.