Првото бебе во 2021 година во Струмица е машко

Ноќеска, во два часот по полноќ, Македонка Јанкулова од Струмица, на свет донесе здраво машко дете тешко 3.850 грама.bolnica-strumicaПоради пандемијата од Ковид – 19 и почитувањето на здравствените протоколи и мерките за заштита, градоначалникот на Струмица не ги посети лично но традиционалниот подарок од Општина Струмица, меѓу кој и штедна книшка со 20 илјади денари, е веќе испратен и предаден на мајката.
Да имаат многу здравје, среќа, спокоен и долг живот.
Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со финансиската поддршка за секое бебе родено во струмичката болница од мајка со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица.

Comments are closed.