Размоски од Беласица се пресели во Пелистер

Пелистер го официјализираше првото зимско засилување, откако го договори Дарко Размоски од Беласица.

Дарко Размоски - Беласица

21-годишниот охриѓанец игра на крилната позиција, кој во Битола доаѓа како слободен играч. Во дресот на струмичани за оваа есен постигна еден гол на 18 натпревари.

Битолчани зимата ќе ја поминат на десетото место со 18 освоени бодови и во пролетниот дел ќе водат борба за опстанок во елитата.

Comments are closed.