ФОТО: Спортскиот центар Пандев блесна со сиот свој сјај

Спортскиот центар Пандев кој што го гради нашиот најдобар фудбалер и капитен на македонската репрезетнација, Горан Пандев блесна со сиот свој сјај. Идејното решение на објектот е направен според италијанските стандарди.

СЦ Пандев 1

Теренот на центарот е со природна трева, а единствената трибина има капацитет од 400 седишта за публиката. Изградбата на Спортскиот центар Пандев започна со градба во јули 2014 година.

Во 2019 година за првпат беше одигран натпревар на фудбалскиот терен од сè уште неизградениот центар. На 10 февруари тимот на Пандев во контролен натпревар се сретна со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Во игра со формат од две полувремиња од по 60 минути, Академијата ги победи гостите со резултат од 6:1. Натпреварот се одигра пред околу 300 гледачи.

На 7 ноември 2020, во рамките на Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев заигра на својот терен во Спортскиот центар Пандев кој стана негов траен домашен терен. На Спортскиот центар Пандев беше одиграно градското дерби меѓу Академија Пандев и Беласица.

СЦ Пандев 2

Comments are closed.