Голманот Дејан Силјановски и Беласица спогодбено се разделија пренесува спортскиот портал Спортска Мрежа. 26-годишниот Силјановски во Струмица пристигна од второлигашот Каменица Саса и одигра една полусезона, по што дојде до разделба.
Силјановски ќе бара нов клуб, а во својата кариера покрај Беласица и Каменица Саса има настапувано за Љубоен, Тетекс, Македонија Ѓорче Петров и Локомотива.
Comments are closed.