Трапановски од Академија Пандев се пресели во Шкупи

Шкупи одигра одлична есен и заврши на второто место во Првата македонска фудбалска лига и веднаш започна да размислува за засилувања за пролетните натпревари, а денес го потврди своето прво официјално засилување.

Кристијан Трапановски - Шкупи

Во редовите на клубот од Чаир пристигнува младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски кој потпиша едногодишен договор.

„Одлучив да ја прифатам понудата на Шкупи бидејќи тоа е добро организирам клуб со високи цели, клубот кој е поамбициозен за шампионска титула и кој скоро секоја сезона игра во еврипските натпреварувања. Бев исто така многу импресиониран од тоа како тие работат со млади играчи, на кои им се дава голема шанса. Чест и задоволство ми е да играм за еден од најдобрите клубови во нашата лига и клубот што ја има најдобрат навивачка група во Македонија. Се надевам на голем успех и едвај чекам да да го облечам бело-синиот дрес“, изјави Трапановски.

21-годишниот офанзивец во својата кариера настапувано за Академија Пандев, Славија Прага Б, Тратран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова. Во есенскиот дел од тековната сезона Трапановски настапуваше за Академија Пандев.

На последниот негов настап за Академија Пандев постигна гол вреден победа во Кратово над Силекс со 1:2.

Comments are closed.