Калпачки и Иваноски од Беласица во македонската репрезентација до 21 година

Младите талентирани фудбалери на Беласица, во моментов се на собирот на Македонската репрезентација до 21 година во Охрид, кој ќе трае од 17 до 23 декември. Во овој период, репрезентацијата до 21 година ќе одигра две пријателски со помладите колеги репрезентативци од Македонската репрезентација до 19 години.

Калпачки и Иваноски - Беласица

Во есенскиот дел од ПМФЛ, Давид Калпачки (20) и Зоран Ивановски (20) беа стандардни првотимци за Беласица, каде прикажаа одлични игри, со што повикот за селекцијата беше очекуван.

Comments are closed.