Хоризонт Турново ќе презими на петото место во ТМФЛ – Исток

Екипата на Хоризонт од Турново одигра одлична есен и ќе презими на петото место на табелата со 22 бодови, колку што има и четвропласираниот Малеш од Берово.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

Турново отвори одлично и успеа да оствари седум победи, едно реми, но запиша три порази, при што фудбалерките постигнаа 24 голови, а примија 12. Во однос на есенскиот шампион Брегалница од Делчево која е прва со 28 бодови, Турново останува во сериозна трка за првото место и враќање во Втора лига – Исток.

На последниот натпревар одигра на „Кукуш“ Турново го доби Чешиново со 2:0, а пролетниот дел од сезоната го отвара на домашен терен против радовишки Раклиш.

Comments are closed.