Спартмани есенскиот дел од сезоната го заврши на шестото место

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци одигра солидна есен и ќе презими на шестото место на табелата со 16 освоени бодови.

Во 11 одиграни натпревари фудбалерите на Спартмани запишаа пет победи, едно реми и пет порази, при што успеаа да постигнат 14 погодоци, а да примат 15.

Спартмани - екипа 8. коло ТМФЛ - Исток

Сезоната ја отворија одлично, потоа следуваше мал пат на формата за да се вратат на победите. На последниот натпревар Спартмани загуби во Свети Николе со 2:0 од Овче Поле. Пролетниот дел од сезоната Спармани го отвара на Градскиот стадион во Радовиш каде ќе има тешко гостување против амбициозниот Детонит кој има цел за прво место и влез во Втората лига – Исток.

Comments are closed.