Хоризонт Турново со победа над Чешиново

Хоризонт Турново на „Кукуш“ без многу проблеми дојде до нова сезонска победа, откако со 2:0 беше подобар противник од Чешиново, во последното коло од есенскиот дел од Третата лига – Исток.

 Хоризонт Турново - Овче Поле, 6. коло ТМФЛ - Исток

Турновци запишаа седум победи, едно реми и три порази, при што собраа 22 бодови и ќе презимат на петото место на табелата. Шансите за прво место и враќање во Втората лига – Исток не се изгубени, бидејќи бодовната разлика со лидерот и есенски шампион Брегалница од Делчево е шест бодови.

Чешиново кој одлично ја отвори сезоната влезе во голема резултатска криза и со 14 бодови ќе презими на седмата позиција на табелата.

Comments are closed.