Спартмани загуби од Овче Поле во Свети Николе

Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе одигра одличен натпревар и запиша победа од 2:0 над Спартмани. Домаќините го имаа расположениот Трајче Илиев кој два пати ја погоди противничката Мрежа. Првиот гол беше постигнат во 40. минута од натпреварот, додека вториот во 89. минута.

Овче Поле - Спартмани - Свети Николе

Екипата од Градско Балдовци ќе презими на шестото место со 16 освоени бодови, додека Овче Поле есенскиот дел го завршува на високото трето место со 24 бодови и останува во сериозна игра за Прво место и Втора лига, што е цел на клубот од Свети Николе.

Comments are closed.