Астраион борбата за опстанок во Суперлигата ќе ја обезбедува во плеј-аутот

Ракометарите на Астрион го завршија регуларниот дел од сезоната на последното место со само 4 освоени бодови. Струмичките ракометари опстанокот во дебитанската сезона во Суперлигата ќе го обезбедуваат преку плеј-аут.

Астраион успеа да запише само една победа и тоа против Радовиш на домашен терен во 1. коло. На овој натпревар Астраион одигра одлично и на крајот се славеше со резултат од 34:33. Овој пораз е најголема причина што Радовиш не успеа да обезбеди плеј-оф.

Астраион - Јуниор КВ, 11. коло Група А Суперлига

Струмичките ракометари дојдоа и до едно реми против Јуниор Кисела Вода во меч од 11. коло од групата А на Суперлигата играјќи 19:19, а на полувремето Астраион имаше предност од еден гол. На останатите натпревари струмичкиот суперлигаш запиша само порази, вкупно десет.

На вкупно одиграни 12 натпревари, ракометарите на Астраион постигнаа 294 голови, што ги прави претпоследни во ефикасноста, а примија вкупно 379 погодоци што ги прави екипа со најмногу примени погодоци во групата А.

Во плеј-аутот борбата за опстанок ќе биде тешка, а таму покрај Астраион се најдоа екипите на Радовиш, Голден Арт КЛ7, Јуниор Кисела Вода од групата А и Младост, Работнички, Тиквеш и најверојатно Прилеп од групата Б. Екипата на Прилеп има минимални шанси за да обезбеди плеј-оф бидејќи оваа група се уште не е комплетирана поради неодиграни натпревари како последица на Ковид позитивни играчи.

Ако ги погледнеме моментални состави на екипи дефинитивно Астраион ќе има тешка задача за опстанок. Како големи фаворити се издвојуваат Голден Арт КЛ7, Радовиш, Работнички, Тиквеш, Прилеп (доколку не обезбеди плеј-оф).

Comments are closed.