Бразилскиот ас Робсон си замина од Беласица

Беласица остана без бразилскиот ас Робсон да Силва, кој на полусезоната си заминува од Струмица и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Бразилецот помина шест месеци во дресот на Беласица, одигра 17 натпревари, постигна еден гол и една асистенција. 25-годишниот играч пред да пристигне во Струмица беше дел од Македонија Ѓорче Петров, а има настапувано и за португалскиот клуб Сертаненсе и бразилски Гарантигета.

Робсон да Силва

Comments are closed.