Хоризонт Турново на домашен терен против Чешиново

Екипата на Хоризонт Турново на домашен терен ќе ги одмери силите со Чешиново, во меч од 11. коло од Третата лига – Исток.

Хоризонт Турново - екипа 2020-21

Турново на овој меч ќе влезат како фаворити за нова победа, поради подобрата форма и тоа што играат на домашен терен. Гостите од Чешиново одлично ја отворија сезоната, но нивната игра падна и во досегашниот тек од сезоната запишаа четири порази, четири победи и две ремија, доволни за седмото место на табелата.

Натпреварот на „Кукуш“ ќе започне во 13:00 часот и ќе се одигра без публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.