Тиверија против Работник ќе бара излез од резултатската криза

Тиверија игра лоша сезона и се соочува со голема резултатска криза, а шанса за излез од истата ќе има во недела, кога на домашен терен ќе се соочи со очајната екипа на Работник Џумајлија во рамки на 11. коло од Третата лига – Исток.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Мечот ќе биде дерби од дното, бидејќи и двете екипи се на долниот дел од табелата. Тиверија успеа да запише само две победи, едно реми и дури седум порази, со вкупно 7 освоени бодови се наоѓа на десетото место на табелата. Екипата на Работик Џумајлија од Лозово со 4 бодови е на 11-тото место и се наоѓа во опасниот дел од табелата.

Натпреварот ќе се игра Општинско фудбалско игралиште во Струмица со почеток од 13:00 часот без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.