Екипата на Спартмани во недела ја очекува тешко гостување во Свети Николе, каде во меч од 11. коло од Третата лига – Исток ќе ги одмери силите со разиграниот Овче Поле.
Домаќините се влезени во победнички ритам, а формата ги фаворизира на дуелот со Спартмани. Гостите од Градско Балдовци имаа успешен старт на сезоната, но како да го загуби темпото и екипата падна на шестото место на табелата.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:00 часот на Градскиот стадион во Свети Николе, без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.